Услуги

Страст. Ефикасност. Совршеност!

УСЛУГИ И ПРОИЗВОДИ

Ние сме спас за секој автомобил затоа што ги нудиме најдобрите услуги и најквалитетните и оригинални делови за нив. Почнувајќи од најмалите услуги кои им се потребни на вашите автомобили до тие кои се неопходни, ние сме подготвени да го пополниме секое можно барање.

ОДРЖУВАЊЕ

Знаеме дека секој автомобил има потреба од поправка, па затоа нашата главна услуга е одржување на вашиот автомобил, особено кога станува збор за автомобили од типот на Фолксваген. Ние сме секогаш на ваша служба за да се грижиме за вашиот автомобил за се да биде во ред.

Услуги за одржување

  • Планиран систем и превентивно одржување;
  • Детална контрола на електронските делови;
  • Детална контрола на деловите на моторот;
  • Дијагностика на електрониката и моторот на автомобилот;
  • Промена на масло/филтри.

СЕРВИСИРАЊЕ

Сервисирањето е наша силна точка бидејќи допираме секој детал за да ја постигнеме најдобрата можна состојба. Така, за време на сервисирањето се анализираат сите електронски системи на вашиот автомобил, како што се контролата на моторот и менувачот, ABS, воздушните перничиња и слично, со што се откриваат навреме и се отстрануваат брзо можните грешки. Со ова ги избегнувате непријатните дополнителни штети.

Услуги за одржување

  • Контрола за течење;
  • Програмирање на мемориски клучеви;
  • Сервисирање на системот за ладење;
  • Сервирање и поправка на сопирачки;
  • Поправка на автоматски и мануелен менувач;
  • Замена на куплунг сетот;
  • Сервисирање на системот за ладење;
  • Систем за ладење (A/C) и греење;
  • Контрола пред купување;
  • Сервисирање на радијатори, водни пумпи, вентилатори, цевки, термостати;

ДЕЛОВИ

Ние ви нудиме оригинални делови за вашиот автомобил, особено за Фолксваген. Знаеме дека вашиот автомобил е вашата љубов, затоа ние се грижиме тој и секој дел од него да биде 100% функционален и неоштетен. Некои од деловите кои ви ги нудиме се:

Нашите детални услуги

Оригинални акумулатори за автомобили

Гаранција за ладно стартување до -25°C, висока безбедност на лето поради ниската потрошувачка на вода и многу други карактеристики го одделуваат овој победник во различни тестови, а истовремено ви гарантира безбедно стартување. Оригиналниот акумулатор за стартување на Фолксваген, кој не бара сервисирање, е најдоброто решение кога ви е потребен.

Диск плочки

Оптималната моќ на сопирање постигната со комбинација на специфични материјали за секој модел, правилно движење при сопирање, висока отпорност кон истрошеност и многу други карактеристики гарантираат максимални перформанси на вашите сопирачки.

Течност за сопирачки (глицерин)

Течноста за сопирачките треба да функционира совршено во секој момент.

Ефикасната течност за сопирачките на Фолксваген се грижи за вашата безбедност како составен дел од целиот систем на сопирање.

Дискови за сопирачки

Речиси ниеден друг дел од возилото нема поголема важност за безбедноста во патиштата отколку сопирачките. Непрекината работа на дисковите за сопирање игра решавачка улога во овој случај.

Куплунг сет

Куплунг сетот е еден од најоптоварените елементи на автомобилот. Новите модели ја подобруваат удобноста при неговото користење.

Филтри (сите видови)

Филтрирањето на сè што поминува низ деловите од автомобилот е неопходно, па ние ви ги нудиме сите видови филтри со гарантиран квалитет.

Ребраст каиш

Ребрастниот каиш е резервен потрошен материјал. Тој се прегледува визуелно при секоја контрола на автомобилот и редовно се менува по 90.000 до 120.000 km или 2 години. Доколку при купување на употребувано возило немате информации за редовно сервисирање на ребрастниот каиш, подобро е да се замени веднаш. На тој начин нема да попушта и да предизвикува сериозно оштетување на моторот.

Амортизери

Оригиналните амортизери на Фолксваген се специјално дизајнирани за вашиот автомобил Фолксваген и се прилагодени на тежината на возилото. Амортизерите мора да бидат прецизно прилагодени со сите електронски системи за безбедност, како и со сите други компоненти на вашиот Фолксваген. Оригиналните амортизери на Фолксваген ги исполнуваат сите овие критериуми. Совршената комбинација на сите оригинални компоненти гарантира висок степен на безбедност.

Свеќици

Оригиналните свеќици ласер – платина на Фолксваген се брзи, еластични и имаат многу добра ротациона брзина и со тоа имаат многу предности.

Други услуги

  • Планирано одржување на автомобили
  • Оригинални делови од други брендови
Back to top