За нас

ИСТОРИЈА

Изборот на професија е клучна точка од која зависи системот на животот на човекот. Кога изборот е направен со желба, тогаш љубовта кон работата секој ден се зголемува се повеќе. На тој начин почнавме и ние. Изборот на професија која сакавме да ја вршиме со желба беше сервисирање на автомобили каде отворањето на сервисен центар пред многу години за поправка на автомобили во целина денес придонесе на отворање на компанија која со голема посветеност се фокусира на ова насока, секогаш да и го обезбедиме она што му треба на вашиот автомобил.

 

Наследената професија е секогаш поефикасна отколку почнување од почеток, па затоа и ние, компанијата AG-Auto Tronic со директор Гзим Бектеши, сме резултат на наследството која професијата ја спроведува со голема љубов и продолжуваме да го правиме истото, но со двојна доза.

Денес нашата компанија функционира како едно од најдобрите сервиси за возилата на  VW, Audi, Seat, Skoda.

Ние и денес продолжуваме да бидеме посветени како во првите денови кога почнавме да се занимаваме со оваа професија, а бројот на клиенти и нашиот однос со нив покажува дека сме лидер во областа на која работиме.

ЗА НАС

Денес автомобилите се потреба. Поголемиот дел од времето и поголемиот дел од нашата секојдневна работа го завршуваме со нив, затоа и претпазливоста треба да биде на високо ниво. Ова е причината зошто ви се обраќаме. Ние ви нудиме сервисирање и оригинални делови за вашиот автомобил, особено од типот на Фолксваген. Со долгогодишно искуство и професионална работа ние гарантираме дека го правиме најдоброто за вашиот автомобил, што значи дека го правиме најдоброто и за вас. Вашиот автомобил е огледало на вашиот стил!

МИСИЈА И ВИЗИЈА

Нашата мисија

Да се отстранува било каков дефект од вашиот автомобил за да може да помогнеме да се избегнат можни несреќи, и со ова ние сме уверени дека ќе бидеме лидери во професијата во домашниот пазар.

Нашата визија

Да додадеме се повеќе и повеќе љубов кон вашиот автомобил. Да разберете дека и автомобилот има потреба за грижа.

Back to top